Наполи „киксираше“ против Ајнтрахт, Арсенал фуриозно против Славија Прага

121

Тимот на Наполи не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен вечерва во рамките од новото коло од Лигата на Шампионите, и одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт од Франкфурт.

Со Елиф Елмас во стартниот состав, Наполи со сите сили тргна на овој меч да ги освои трите бода но еднставно топката не сакаше да влезе во голот. Домаќинот имаше грст шасни, се изредија ама буквално сите офанзивни фудбалери во обидите да се отвори резултатот, но овојпат Наполи немаше среќа.

Од друга страна пак, тимот на Арсенал немаше поголеми проблеми да дојде до победа на гостувањето кај Славија Прага. „Топџиите“ триумфираа со 0:3, а резултатот го отвори Букајо Сака од пенал во 32. минута.

Во првата минута од продолжението, Мерино погоди за 0:2, а истиот играч во 68. минута ги постави конечните 0:3.

 

ПретходноТФТ загуби со поен разлика од Хелиос Домжале
СледноПочина Драган Симеуновиќ, некогашниот голман на Вардар