На 72. годишна возраст, денеска во Србија почина некогашниот голман на Вардар, но и на Црвена Звезда, како и на репрезентацијата на поранешна Југославија, Драган Симеуновиќ.
Симеуновиќ го носеше дресот на Вардар во сезоните 1978/79 и 1979/1980 и беше во тој период еден од најдобрите голмани во екс југословенската лига. Токму во тој период и се здоби со статус на репрезентативец на поренешна Југославија.
Настапуваше и за ОФК Београд, Будуќност Подгорица, а беше интернационалец и во Грција.










