Работнички максимално поразен на првиот меч со естонски Рае

20
фото: CEV.eu

Одбојкарките на Работнички претрпеа максимален пораз на првиот од двата гостински натпревари против естонски Рае во првата квалификациска рунда во Челинџ Купот на ЦЕВ. Вечерва во Јури, избраничките на Душко Стојановски се обидуваа низ трите сета да извлечат подобар резултат, но објективно подобриот противник се чини уште сега си ја заврши работтата за пласман во следната рунда.

РАБОТНИЧКИ – РАЕ (ЕСТ)   0:3 (15-25, 24-26, 18-25)

По лошиот прв воведен сет во кој освои само 15 поени, нашиот претставни одигра одличен втор сет во кој загуби на разлика со 24:26. Нашите одбојкарки добро се држеа и во третиот сет, но не успеаја да дојдат во егал завршница.

Тамара Стојанова доминираше со 16 поени во составот на нашиот претставник, додека кај Рае 18 поени останаа запишани зад името на Алорг.

Реваншот е на програмата веќе утре во истиот термин, 18 часот.

ПретходноЈанта Волеј успеа да освои сет против апсолутниот фаворит од Франција
СледноТФТ загуби со поен разлика од Хелиос Домжале