Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, пред новинарите откри како ќе го пречека дефанзивецот на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, кој претходно играше за „црвените“. Утре Ливерпул е домаќин на Реал во мечот од четвртото коло на ЛШ.
„Можам само да кажам дека откако лично го запознав Трент ми останаа само позитивни впечатоци за неговата игра и лични квалитети. Минатата сезона тој беше наш заменик-капитен и имам многу пријатни спомени за него. Ќе му посакам топло добредојде, но ќе мора да почекаме и да видиме дали ќе излезе на теренот. Немам поим како ќе го пречекаат навивачите. Не можам да го предвидам, но од мене е добредојден. Тоа е сигурно“, изјавил Слот.
                









