Екипата на ТФТ не успеа да ја запише и третата победа во серија во регионалната АБА 2 лига, откако во доста изедначен натпревар во кој во најголем дел водеа, беа поразени од словенечкиот Хелиос.
По почетните десет минути во кои двете екипи не успеаја да направат некоја посериозна предност (гостите имаа минимално воство, 24:23), работите почнаа да се менуваат во втората четвртина.
Домашните кошаркари заиграа доста поагресивно во одбраната. Играа на „работ на прекршок“ момците во „црно-бела“ комбинација. Можеби во одредени моменти тоа делуваше и преагресивно со оглед на тоа што противникот доби шанса да реализира доста поени од линијата за слободни фрлања.
Но ТФТ (ослабен со неиграњето на повредените Василевски и Дејвис) ја постигна целта.
Успеа да се одвои на пристојна позитива, иако не поголема од шест поени. Која ја креираа Говенс (11.поени), Ташовски (9) и Зафиров (8).
Во тие 20. минути во кои ТФТ се стекна со „вишок“ од пет поени (41:36), иако гостите од Домжале изведоа дури 20.слободни фрлања (погодија 15).
Не го сменија стилот на играта домашните кошаркари ниту во второто полувреме, кое беше налик на она првото.
Изедначена трета четвртина, со постојана предност на ТФТ. а слична беше сликата на теренот и во воведните минути од последната. Се чинеше дека гостинските кошаркари се повеќе на линијата за слободни фрлања околку да реализираат од некоја друга позиција.
Добра вест за домаќините беше „појавувањето“ на Гордон (рано направи четири лични грешки) во оној офанзивен дел, и сериозна помош за Говенс во фазата на нападот во решавачките моменти од мечот во СРЦ „Кале“.
Само за момент Хелиос се „врати“ и поведе со четири поени предност (71:67), во 34. минута од играта. Но серијата на Зафиров, го врати ТФТ во ново водство, (72:71). Се менуваа двете екипи во водство, а Говенс и Долничар се натпреваруваа кој ќе даде повеќе поени.
На крајот, одлуката падна буквално во последните десет секунди. Оние во кои Говенс погоди две слободни фрлања за нерешени (83:83). а во последниот напад, току Говенс го фаулираше Долничар. Овој го погоди првото, намерно го промаши второто слободно фрлање (вкупно 39. изведено за Хелиос) за да му обезбеди голема победа на словенечкиот претставник во АБА 2 лигата.
Пред да го направи петтиот прекршок, Говенс застана на скор од 27.поени и 7. асистенции. Зафиров (и тој направи пет лични грешки) даде 16 (плус ет скока) додека. Гордон имаше 14 (и четири скока).
Во четвртото коло, кое е на распоредот на 18.ноември, ТФТ го очекува нималку лесно гостување во Широки, против некогашниот член на АБА лигата.










