Во четврток вечер од 21часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 3.коло во лигашката фаза во Лигата на Конференции, се игра мечот меѓу Шкендија и Јагиелонија.
За оваа средба одредени се судии од Унгарија да ја делат правдата. Главен судија е Михаљ Карпаљи, додека негови помошници се Иштван Алберт и Герго Вигх – Тарсонил, додека четврти е Марсел Дердак.
И во ВАР собата се судии од Унгарија. Тоа се Тамаш Богнар и Ференц Карако.
Да потсетиме дека по првите две кола Шкендија има три бода. Пораз од Рајо Ваљекано и победа дома со Шелбурн. Во случај на нов победа, овојпат против силниот тим од Полска, нашиот тим и тоа како ќе си ги зголеми шанси за пласман во плеј – офот односно елиминациската фаза во ова натпреварување.










