Билетите за Македонија – Летонија по цена од 200 и 300 денари!

107
Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација во овој месец ноември повторно ќе биде во центарот на вниманието. Покрај квалификацискиот дуел против Велс за пласман на Светското првенство 2026 година (18 ноември на гостински терен), избраниците на Боби Милевски ќе одиграат и една пријателска средба против Летонија на домашен терен.

Овој натпревар е закажан за 13 овој месец на Арената „Тодор Проески“, а ФФМ ги пушти во продажба билетите, истите се по цена од 200 и 300 денари.

ПретходноМакедонија во група со Унгарија, Азербејџан и Андора за лигашката фаза од квалификациите за СП
СледноПОЛУВРЕМЕ: Струга ТЛ со водство во Ѓорче, без голови на ФФМ!