ВМФЛ: Шкендија (А) и натаму е лидер, Беласица броеше до 8 а Осогово до 6!

364
ФОТО: KF Shkëndija Haraçinë 77/FB

Се одиграа сите осум средби од 11. коло во ВМФЛ. Искрено имаше и тоа колку голови.

Шкендија Арачиново пред своите фанови го победи Кожуф со 2:0, па така со оваа победа и натаму е лидер на табелата во ВМФЛ. Очекувано Брегалница славеше во Виница кај Саса со 2:4, па така “сините“ држат чекор со тимот од Арачиново во битката за првата позиција.

Беласица со 8:1 го “торпедираше“ тимот на Вардар (Н). Осогово пак со 6:0, исто како домаќин ја декласираше прилепска Победа.

Скопје според очекувањата успеа да ја победи Преспа за продолжување на добрата серија оваа есен за „Пиратите“. Детонит дома одигра само 1:1 против жилавиот состав на Новаци.

Саса како гостин со триумф од 1:3 кај Г. Коњари, а Охрид и Тетекс во еден супер ефикасен меч одиграа 4:3 за домашниот состав.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 11.КОЛО

Беласица – Вардар (Н) 8:1

Детонит – Новаци 1:1

Скопје – Преспа 2:0

Г. Коњари – Саса 1:3

Охрид – Тетекс 4:3

Осогово – Победа 6:0

Шкендија (А) – Кожуф 2:0

Слога (В) – Брегалница 2:4

ПретходноПМФЛ: Струга ТЛ знае како против “Лавовите“, Работнички – Тиквеш 0:2!
СледноТФТ има шанса да остане перфектен, МЗТ во Бања Лука најави два сигурни бода во „џеб“