Потврдена соработка, размена на знаење, развој на пинг понгот во Македонија се заклучоците од средбата со новата Амбасадорка на Народна Република Кина во Северна Македонија.
Претседателот на Пингпонгарска Федерација на Македонија Славко Пројкоски и членот на Управниот одбор Горан Тиловски на работна средба со Н. Е. госпоѓа Џијанг Сјаојан, Амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија.
Работната средба опфати разговори за зајакнување на соработката помеѓу двете држави на полето на пинг понгот со посебен фокус на:
1 заеднички проекти
2 програми за млади таленти
3 размена на експертиза за тренери
Се разговараше и за изнаоѓање можности за учество на пинг понгари и тренери во форма на студиски посети на Кина.
Соработката ќе продолжи за поголем развој на пинг понгот во Македонија.










