Прајс: Дисциплина во нападот и цврста одбрана – тоа рецептот за победа

8

Кошаркарите на Пелистер тренираат интензивно подготвувајќи се за утрешниот дуел против Цедевита јуниор (20 часот, сала „Боро Чурлевски“) на кој битолчани ќе сторат се за да стигнат до победата. Поразите во Загреб од утрешниот ривал и од Никозија од Керавнос само го зголемуваат притисокот, па „пелистерци“ се свесни дека само триумф над хрватскиот тим би значел задржување на шансите за пласман во следната фаза од ФИБА Европа купот.

Цедевита јуниор моментно е лидер во групата со максимални три победи по првите три колаа, но убедливиот пораз во Загреб е само мотив плус за кошаркарите на Пелистер да докажат дека тоа беше само лош ден и да го покажат своето вистинско лице на дуелот пред своите навивачи во Битола.
Остин Прајс, американскиот бек кој игра во одлична форма од стартот на сезонава, очекува жестока битка на утрешниот натпревар и верува дека Пелистер може да стигне до посакуваниот резултат.

„Дисциплина во нападот, да знаеме да ја контролираме топката и да имаме што помалку загубени топки. Тоа е она што ќе биде најважно, секако со цврстата одбрана која мора да биде на далеку повисоко ниво во однос на нашиот последен европски натпревар. Во Загреб нашата енергија не беше на задоволително ниво, им дозволивме многу отворени шутеви што тие знаеја да ги искористат. Цедевита е тим со квалитетни стрелци и играчи кои многу се борат во рекетот. Не се непобедливи, верувам дека можеме да одговориме на нивната игра, доколку сме енергични во борбата за секоја топка и агресивни во одбраната можеме да ги исфрлиме од ритам и да стигнеме до победата. Играме дома, пред нашите верни навивачи и ќе сториме се за повторно да ги израдуваме“, истакна Прајс во пресрет на утрешниот натпревар.

ПретходноАсамоа во Германија доби „Орден за заслуги“
СледноРаботнички „умира“ со најлошиот тренер кој некогаш бил и работел во Мекедонија