СКОПЈЕ – ЦЕНТАР НА ТАНЦОВИОТ СВЕТ!

23

Касинос Австрија Интернешенал Македонија – поддржувач на најголемиот танцов настан во регионот.

Од 15 до 16 ноември 2025 година, Скопје ќе пулсира во ритамот на танцот. Главниот град ќе стане сцена на меѓународниот танцов натпревар под закрила на Светската танцова федерација, кој ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански”.

Во текот на двата дена, повеќе од 2.500 учесници од над 40 земји од целиот свет ќе ги покажат своите вештини, страст и уметност преку различни танцови дисциплини.

Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја обезбеди поддршката за овој настан, потврдувајќи ја својата посветеност кон културата, уметниците и вредностите што го збогатуваат нашето општество.

„Вистинската уметност ги обединува луѓето, а танцот зборува на јазик што сите го разбираме. Поддршката на вакви настани е дел од нашата мисија да придонесеме за развојот на културниот живот во Македонија и регионот,” – порачуваат од Касинос Австрија Интернешенал Македонија.

Во ноември,  15 до 16 ноември  2025, Скопје ќе биде сцената каде што ќе се спојат енергијата, талентот и страста на танчерите од целиот свет – а публиката ќе може да биде дел од настанот кој ветува вистинско танцувачко уживање.

ПретходноОтворен современ повеќенаменски спортски центар во Ѓорче Петров
СледноАлкалоид и Вардар останаа непобедливи