ТФТ има шанса да остане перфектен, МЗТ во Бања Лука најави два сигурни бода во „џеб“

40

Македонските претставници во АБА2-лига, ТФТ и МЗТ Скопје денеска ќе одиграат меч од третото коло во ова натпреварување. Тимот од Тафталиџе има две победи во исто толку одиграни меча и на домашен терен против Хелиос има шанса да остане први врвот со перфектен скор. Мечот се игра во „Кале“ со почеток во 18 часот.

“Ни гостува екипата на Хелиос , млада екипа со голем потенцијал, ние имаме поискусна екипа и треба паметно да го искористиме тоа, да испочитуваме тоа што е договорено за натпреварот и да се придржуваме кон нашата брза игра во транзиција и да ја искористиме предноста што играме на домашен терен, се надевам на нова победа оваа сезона“, изјави македонскиот репрезентативец, Виктор Ташовски. 

МЗТ Скопје пак има победа и пораз, и му гостува на Студент (20 часот).

„Гостувањето во Бања Лука за нас е едно од клучните во првиот дел од сезоната. Со оглед на искуството и традицијата, секако дека влегуваме како фаворити, но тоа треба да се оправда на терен. Ситуацијата ни е уште потешка бидејćи се соочуваме со отсуство на неколку важни играчи, но ваквите проблеми носат и дополнителен мотив за другите во тимот. Добро се подготвувавме за овој меч, знаеме што сакаме и како да дојдеме до тоа, па сега е сето тоа да го презентираме на паркетот за на крајот дома да си заминеме со големи два бода во џебот“, изјави Васко Атанасов. 

ПретходноВМФЛ: Шкендија (А) и натаму е лидер, Беласица броеше до 8 а Осогово до 6!
СледноЖижовиќ се пожалил за време на ручекот пред мечот: „Никој не го сфати сериозно“