Македонскиот одбојкарски шампион Јанта Волеј уште еднаш потврди дека не случајно се најде во 3. елиминациско коло од најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите. Вечерва во првиот меч од оваа рунда, Јанта Волеј загуби од францускиот фаворит Волеро на домашен терен, но успеа да освои еден голем сет и да покаже дека може да биде во костец и со најсилните веропски тимови.
ЈАНТА ВОЛЕЈ – ВОЛЕРО (ФРА) 1:3 (15-25, 10-25, 25-20, 9-25)
Гостинките беа апсолутни фаворити и пред почетокот на мечот, а на крајот резултатски тоа го потврдија. Јанта Волеј одигра слаби стартни два сета во кои не успеа да ја пронајде вистинската формула за игра против противникот, но затоа во третиот сет следуваше изненадувањето. Нашиот првак успеа да го освои сетот, да намали на 1:2 и да не дозволи да остане со празни раце на домашен терен. Во четвртиот сет гостинките уште еднаш ја потврдија доминацијата за конечни 1:3.
Мери Бошковска со 17 реализирани поени беше најефикасна во редовите на нашиот шампион, додека Маројевиќ имаше 6. Кај Волеро, Даутова заврши со 14, а Ине со 13 поени.
Реванш натпреварот е на програмата на 13 ноември во Кан.










