Брера оди по нов подвиг, овојпат против Силекс

27

Како претходница на големото дерби во Битола, кое се игра помеѓу Пелистер и Вардар до 17:00, а во рамките од новото дванаесетто коло од ПМФЛ шампионатот, во Струмица во пладневниот термин од 13:30 среќаваат екипите на Брера и Силекс.

Струмичани по лошиот старт на сезоната, резултатски и играчки се рехабилитираа, и сега се на солидното седмо место на табелата со 15. бодови.

„Нашиот стил е да се надигруваме со сите. Одиме уште посилно и се надеваме на позитивен резултат“, порачуваат од таборот на АП Брера.

Од друга страна пак, Силекс по поразот од Вардар на Арената изминатиот викенд, сега ќе бара играчка и резултатска сатисфакција во дуелот со Брера, екипа против која што реално кратовци се фаворити.
Тоа го налагаат игрите на Силекс, но и местото четвртото место на табелата сезонава.

„Очекуваме да одиграме добар натпревар. Влегуваме во овој дуел со позитивни мисли и ќе се потрудиме да ги освоиме трите бода. Играме добро, динамично, и верувам дека веднаш ќе се вратиме на победничките патеки. Поразот од Вардар е веќе заборавен, сега сме максимално ориентирани само кон мечот со АП Брера. За мене овој натпревар ќе биде посебен, затоа што минав во противничкиот тим перкрасни 10 години, таму пораснав и се надоградував како играч. Сега сум фудбалер на Силекс, и се надевам дека денеска со добра игра ќе се вратиме во Кратово со три бода“, изјави Ѓорѓе Џеков.

Неговиот брат Љупче Џеков нема да биде на голот на денешниот меч поради црвениот картон кој го доби на натпреварот со Вардар.

 

ПретходноТодоровски: Време е за дерби, и Вардар да го покаже вистинското лице
СледноВардар денеска без Босанчиќ на дербито