Вардар денеска без Босанчиќ на дербито

152

Денешниот дуел од новото дванаесетто коло од домашниот ПМФЛ шампионат, во Битола против Пелистер кој што е закажан за 17:00 часот на стадионот Петар Милошевски, гостинот Вардар ќе мора да го одигра без играчот за врска Немања Босанчиќ.

Интернационалецот од Србија има повреда која го одстранува од денешниот дуел, но која за среќа не е од потежок карактер па тој наскоро ќе биде фит.

Сепак, не е во можност денеска да му се стави на располагање на тренерот Гоце Седлоски, кој пак за негова среќа на тие позиции во средината на теренот има доволно опции за одуството на Босанчиќ да не се почувствува премногу.

 

ПретходноБрера оди по нов подвиг, овојпат против Силекс
Следно„Мастерпис“ во креација на Војдан Стојановски (ВИДЕО)