Откако го одработија официјалниот тренинг пред утрениот дуел со Јагиелонија, фудбалерите на Шкендија и стручниот штаб на клубот од Тетово се фотографираа како поддршка за повредениот Ване Крстевски.
Голгетерот на тетовци заработи потешка повреда поради која ќе мора да паузира подолго време, а неговите соиграчи и клубот не го заборавија и во пресрет на новиот европски предизвик! За поздрав!










