Горазд Ристовски со Црвена Звезда во финалната рунда од првата фаза на младинската ЛШ

41

Младинскиот репрезентативец на Македонија до 19 години, Горазд Ристовски, со белградска Црвена Звезда избори место во завршните дуели од првата фаза на младинската Лига на шампиони на УЕФА. Денеска во претпоследната рунда од првиот дел на натпреварувањето, Црвена Звезда славеше со 4:1 против чешка Острава и обезбеди место во последното коло.

Нашиот Ристовски беше стартер за младинскиот тим на „црвено-белите“ до 19 години и одигра комплетен натпревар. Сега Црвена Звезда го очекува следниот ривал меѓу екипите на Жилина и Шелбурн.

ПретходноСудиска анализа на дербито: Четири клучни одлуки, проценети правилно
СледноГРК Тиквеш по голема драма го освои Куманово