ГРК Тиквеш по голема драма го освои Куманово

34

Интересен натпревар се одигра во Куманово каде истоимениот тим му приреди изненадување на ГРК Тиквеш, кој едвај дојде до победа, славеше со 27-28. За кавадарчани ова беше петта победа, имаат исто толку порази. На другата страна Куманово испушти голема шанса да дојде до вториот триумф, сега има девет порази.

Домашниот тим имаше водство до 41-та минута (20-18), по што следеше серија на гостинскиот состав од 3-0 за 20-21. Од овој момент мечот влезе во вистинска драма, која

Претходно Куманово отвори со 4-1, водеше и со 15-12 на одморот. Ончев во 34-та минута донесе највисоки плус 4 (17-13). Во продолжение кавадарчани полека ја топеа предноста на противникот и приредија пресврт, на нецели три минути до крајот дојдоа на плус два (24-26), но гостите не се откажаа, со головите на Димевски и Ончев израмнија на 26-26.

На ист начин одговори ГРК Тиквеш за ново водство од два гол 26-28. Ова беше клучен момент.

Кај победникот, Цејовиќ имаше осум гола, два помалку имаше Димовски. На другата страна Стојков имаше осум погодоци.

ПретходноГоразд Ристовски со Црвена Звезда во финалната рунда од првата фаза на младинската ЛШ
СледноШкендија со поддршка за Крстевски: Форца Ване пред мечот со Јагиелонија!