Ц.Звезда е во криза, и резултатска и играчка. Настапите во Европа се за заборав, а на домашна сцена веќе три меча не знае за победа. Токму затоа во јавноста во Србија наголемо се шпекулира дека тренерот Владан Милојевиќ набргу ќе си оди. Имаше шпекулации дека си поднел оставка, но истата не му била прифатена. Се споменуваше и како селектор на Србија, потоа дека ќе ја прифати понудата на Лудогорец.
За се ова Милојевиќ не даде никаков коментар, се до денеска на пресот по повод дуелот во ЛЕ со Лил.
Ако се знае дека Шпанецот Алберт Риера, сегашен стратег на Цеље, е најверојатно новиот тренер на Ц. Звезда, по се ова еве што кажа Милојевиќ, кој како да најави заминување или пак ова го кажа во знак на револт.
Само тој си знае:
“Вие знаете кој е новиот тренер. Вие знаете колкава плата ќе има, колкави бонуси. Па еве да кажам дека Риера кога ќе дојде ќе има „скоцкан“ тим, да не се грижите“ им се обрати Милојевиќ на новинарите.










