Достојно простување од Европа: Работнички славеше во Естонија на реваншот со Рае

36
фото: CEV.eu

Како што му доликува на еден од најтрофејните одбојкарски состави во Македонија, скопски Работнички, со победа се прости од годинешните настапи во европските купови. На двомечот со естонски Рае, Работнички во вториот меч во два дена успеа да оствари победа од 3:2 и да покаже дека оној вчерашен максимален пораз во три сета можеби можеше и да се избегне.

РАЕ (ЕСТ) – РАБОТНИЧКИ  2:3 (19-25, 25-20, 25-14, 22-25, 5-15) *прв меч – 3:0 за Рае

Сепак по голема борба, одбојкарките на Душко Деспотовски вечерва покажаа дека не случајно во последните години се редовен дел од европските клупски натпреварувања. Тргнаа со освојување на првиот сет на денешниот реванш меч од 1. коло во Челинџ Купот (19:25), по што Рае успеа да ја стабилизира играта и да ги добие следните два сета. Упорни, одбојкарките на Работнички го добија четвртиот сет со 22:25 и влегоа во тај-брејкот со голема самодоверба. Тоа се виде уште на самиот почеток кога Работнички тргна со 4:0, потоа водеше и 11:2, за на крај да ја прослави победата освојувајќи го сетот со 15:5.

Извонредно издание имаше триото Стојанова, Баталаковска и Балов. Тамара Стојанова со 19 поени и вечерва беше најдобар поентер кај нашиот тим, Баталаковска заврши со 14, а Балов со 11 поени. Одлични беа и Павловска (10) и Василевска (9).

И покрај елиминацијата, Работнички заслужи честитки за остварената европска победа.

ПретходноВардар ја „освои“ Битола и се врати на врвот (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛесни два гостински бодови за ГРК Охрид и Пелистер