Додека во Македонија на спортски план се случуваат чудни работи. Пред некој ден претседателот на МОК, Даниел Димевски направи промени во управувачките структури. На неговиот список се најде токму Владимир Богоевски за кого во денешниот текст се вели дека е спортски директор на МОК, што пак е погрешна информација, бидејќи тој од пред некој ден е назначен за Советник за спортски прашања на претседателот Димевски.
Да се вратиме на главната тема, а тоа е дека Богоевски беше имаше средба со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој ги повика сите легенди на овој клуб.
Поканата, која пристигна директно од кабинетот на Перез, беше за заедно да го проследат натпреварот од Шпанската Примера лига помеѓу Реал Мадрид и Валенсија. Од свечената ложа на легендарниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, Богоевски и Перез уживаа во фудбалската претстава, а првиот човек на Реал Мадрид му подари дрес и признание за придонесот.
Владимир Богоевски е легенда на одбојкарската екипа на Реал Мадрид, каде што настапуваше со огромен успех во раните 1980-ти.










