Лесни два гостински бодови за ГРК Охрид и Пелистер

32
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

ГРК Охрид ја оправда фаворитската улога против Бутел Скопје, на гостински терен славеше со убедливи 19-25 во меч од 10-то коло во Супер-лигата. За охриѓани ова беше седма победа, имаат реми и два порази, додека на другата страна пак скопскиот тим има скор од пет победи, реми и четири порази.

Охриѓани разликата ја направија во вториот дел, отворија со 3-11 за 14-24 на стартот на 50-та минута. На одморот резултатот беше 11-13. Иако гостите отворија со 1-6, домаќинот се врати и израмни на 7-7. Сепак во вториот дел сликата се смени, ГРК Охрид на дело покажа зошто е фаворит.

Иванковиќ, Лиапис и Ѓукиќ имаа по четири гола, на другата страна Димитар Узунчев постигна девет погодоци.

До планирани бодови дојде и Пелистер, кој имаше лесна задача против Прилеп, на гостински терен славеше со 25-40. На голот на битолчани се врати Саид Хеидарирад, но имаше само една одбрана, но го немаше Никола Митревски, Давид Брестовац одамна е надвор од терените. Според статистиката на РФМ, одбраната на иранскиот голман беше единствена на средбата.

Петар Атанасијевиќ имаше седум гола, додека Калајџиовски беше стрелец на шест. Кај домаќинот Крстески имаше седум погодоци.

ПретходноДостојно простување од Европа: Работнички славеше во Естонија на реваншот со Рае
СледноНеискуството пресуди: Наковски Волеј не успеа да ја мине првата пречка во Челинџ Купот