Вечерва се играат уште девет средби во Лигата на Шампионите, па со тоа ќе се заокружи и 4.коло во најсилното европско натпреварување. Секако дека дерби на вечерта е дуелот на „Итихад“ во Манчестер, каде домашниот состав на Сити го дочекува Дортмунд. Ете шанса за Ерлинг Халанда за уште некој гол и тоа против своите за кои некогаш играше од 2020 до 2022 по што се пресели во Манчестер Сити.
Исто така интересно е што “Граѓаните“ синоќа немаа тренинг, истиот го одработија утринава. Ова е некој нов момент од страна на Пеп Гвардиола.
Барселона му гостува на Бриж. Тука нема дилеми околу тоа кој е фаворит, а на каталонците е да го искажа сиот свој квалитет, иако оваа Барса не е таа Барса од минатата сезона.
Интер игра дома со Каират, додека Њукасл ја дочекува Аталанта.
Ова се сите двојки за вечерашното 4.коло во ЛШ:











