ЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)

33

Уште на стартот на денешните пресметки во Лигата на шампионите бевме сведоци на две изненадувања.

Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Лимасол.

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, ризикуваше со својот почетен состав, можеби малку и го потцени противникот, па мораше да спасува бод во вториот дел во Азербејџан. Англичаните поведоа во 16-тата минута со голот на Естевао, но до полувреме домашните направија целосен пресврт.

Леандро Андраде израмни во 26. минута, додека Марко Јанковиќ од пенал во 39. Минута го донесе Карабах и до предност од 2:1.

Мареска ја сфати својата грешка меѓу двете полувремиња, ги внесе своите главни играчи и Челзи стигна до 2:2 во 53-тата минута, кога Гарначо ја затресе мрежата за конечни 2:2.

На Кипар, историска победа за Пафос. Фаворизираниот Виљареал беше поразен со голот на Лукасен во 47-та минута што му донесе историски триумф на кипарскиот шампион.

ПретходноНеискуството пресуди: Наковски Волеј не успеа да ја мине првата пречка во Челинџ Купот
СледноСудиска анализа на дербито: Четири клучни одлуки, проценети правилно