Митревски пред Цедевита јуниор: Важна ќе биде одбраната

16

Кошаркарите на Пелистер продолжувааат со пеколниот ритам натпревари, па така денеска во рамките од четвртото коло од ФИБА Европа купот „зелено-белите“ ќе ја пречекаат екипата на Цедевита јуниор. Хрватскиот тим важи за најдобар во групата, веќе има скор 3-0 по првите три рунди, вклучувајќи ја тука и рутинската победа над Пелистер, во Загреб во првото коло со резултат 94-76.

Сепак, формата на „пелистерци“ од тој момент се движеше во нагорна линија и ако се исклучи онаа потпросечна прва четвртина во Никозија јасно е дека „зелено-белите“ играат се подобро на секој нов меч.

„Играме против екипа која е квалитетна и досега нема пораз во ФИБА Европа купот. Тоа ни е само мотив, вечерва пред нашите верни навивачи да дадеме се од себе и да се обидеме да ја оствариме втората европска победа. На првиот меч одигравме многу слабо пред се во одбраната, но верувам дека овојпат се ќе биде сосема поинаку и дека ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат на крајот. Важно ќе биде да се одигра добра одбрана во текот на сите 40 минути, како и да се исконтролира рекетот со квалитетна скок-игра. Знам дека нашите навивачи ќе ни ја дадат неопходната поддршка од трибините и верувам дека сме на добар пат да забележиме нова европска победа во Битола“, изјави Андреј Митревски, еден од македонските репрезентативци во таборот на Пелистер.

ПретходноКаков парадокс: Димевски го смени од функција од МОК, Флорентино Перез му додели признание
СледноКонте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“