Неискуството пресуди: Наковски Волеј не успеа да ја мине првата пречка во Челинџ Купот

19
фото: CEV.eu

Откако по 20 години една струмичка екипа во женска конкуренција се осмели да се појави во Европа, Наковски Волеј не успеа да ја мине првата пречка. Младиот струмички состав уште на стартот наиде на силна пречка, чешка Острава, но покажа и на двата меча дека низ вакви натпревари треба да се стекнува искуство за следните предизвици.

НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ОСТРАВА  0:3 (15-25, 21-25, 15-25) – *прв меч (0:3 за Острава)

Вечерва во реванш мечот на домашен терен, струмичанки го дадоа максимумот, не ја продадоа лесно „кожата“ и покажаа дека и против силниот чешки ривал можат да одиграа добра одбојка. Ова особено беше забележливо во вториот сет, кој беше неизвесен до самиот крај, но Наковски Волеј немаше сили за голем пресврт.

Четири одбојкарки на струмичкиот тим денеска завршија со по 7 реализирани поени: Стојкоска, Милева, Ковачевиќ и Марковиќ.

ПретходноЛесни два гостински бодови за ГРК Охрид и Пелистер
СледноЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)