Полувреме: Брера – Силекс 1:1, Илоски прави чуда на голот на струмичани!

90
ФОТО: Brera Strumica/FB

Брера – Силекс 1:1 е по првото полувреме од денешниот меч во Струмица, во рамките на 12.коло. Мартин Мирчевски од пенал во 19.минута донесе водство на кратовци и тоа заслужено според играта во оваа фаза од средбата. Но Михаилов во 45.минута со максимално прецизен шут од околу 18 метри во левиот долен агол на гостинскиот гол, откако атрактивно беше проигран од Ндзенуге. Ова беше единствениот опасен удар на домашните во првото полувреме, и истиот го претвори Михаилов во израмнување.

Сепак треба да се спомене одличното издание на домашниот голман, младиот Давид Илоски кој успеа да спаси барем три чисти голови. Ади Алиќ имаше три зицери, но ниту еднаш не успеа да го совлада Илоски кој правеше чуда на голот на домашната Брера. Силекс имаше и шанси преку Хрвановиќ и Тимовски, но сепак на пауза се замина со тие 1:1.

ПретходноКонте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“
СледноБеќири пред дуелот со Јагиелонија: Шкендија е подготвена, се надевам на добар резултат!