Хакими надвор од терените до Нова Година, го пропушта и Африканскиот куп на нации!

34
фото: Ligue 1 English (X)

Дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, беше принуден да биде заменет кон крајот на првото полувреме на натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен кој заврши 2-1 по стартот од зад грб на Луис Диаз. Мароканецот го напушти теренот во солзи, а судијата му покажа црвен картон на Колумбиецот.

Според „Марка“, Хакими утрово бил на лекарски преглед во Париз. На дефанзивецот му е дијагностицирана скината синдесмоза во зглобот со блага повреда на лигамент на глуждот. Споре дпрвичните прогнози тој ќе отсуствува приближно два месеци од фудбалските терени.

Учеството на Хакими на Африканскиот куп на нации, кој започнува на 21 декември, е сериозно доведено во прашање.

ПретходноВардарци со „Комити“ ја прославија победата во Битола (ВИДЕО)
СледноВардар ја „освои“ Битола и се врати на врвот (ФОТОГАЛЕРИЈА)