Шокантно: Нејмар тешко дека ќе игра на СП 2026!

30
FOTO: Confederação Brasileira de Futebol/FB

Тоа е Карло Анчелоти. Ако не си доволно подготвен, ако не си во добра форма, ако постојано се повредуваш, тогаш и да си Нејмар тешко дека ќе играш за Бразил на Мундијалот следното лето.

Имено медиумите во Бразил објавија, а потоа преземаа и релевантните европски, дека Нејмар тешко дека ќе го види СП 2026 во дресот на Бразил.

Анчелоти размислува уште сега што и како со најголемата бразилска ѕвезда. Тој веќе во најголем дел го има списокот на патници за Мундијалот, а засега, на него не е Нејмар.

Сепак останува до стартот на СП 2026 уште осум месеци, а до тогаш некои работи поврзани со Нејмар и тоа како би можеле да сменат.

ПретходноЛапорта демантира дека Германецот си оди: Флик е среќен во Барселона!
СледноЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)