Беќири пред дуелот со Јагиелонија: Шкендија е подготвена, се надевам на добар резултат!

23

Утре од 21 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 3.коло во лигашката фаза во Лигата на Конференции, Шкендија пред своите фанови ќе ја пречека Јагиелонија, екипа од Полска. По триумфот во минатото коло против Шелбурн, секако дека сега апетитите во таборот на нашиот шампион.

Во пресрет на овој натпревар, денеска стратегот на тетовци, Јетон Беќири покрај другото истакна:

Играме против квалитетен тим кој доаѓа од квалитетна лига. Не е тајна дека противникот е доминантен во последните години во својата земја. Сепак ние во Скопје, на Арената играме добро. Да, Јагиелонија е фаворит на хартија, но Шкендија ќе го даде својот максимум и на овој меч и се надеваме на добар резултат. Сметам дека ова ќе биде поинаков меч од оној со Шелбурн зошто полскиот тим е поквалитетен. Сепак кога се играат вакви натпреари решаваат детали. Ако сме сконцентрирани, ако ги користиме нашите шанси, можеме да дојдеме до добар резултат“ посочи Беќири и продолжи:

Од се она што можевме да го анализираме, тоа е тим кој е доста агресивен, посебно во средниот ред и нападот. Имаар организиран пресинг и мораме да бидеме внимателни. Шкендија е подготвена, се надевам дека ќе го дадеме максимумот како што реков, очекувам се она што ќе се договориме со играчите да го пренесат утре на теренот“ заврши стратегот на Шкендија.

ПретходноПолувреме: Брера – Силекс 1:1, Илоски прави чуда на голот на струмичани!
СледноFlex Broker: Стратешкиот мост меѓу клиентите и современите осигурителни решенија