Уф, каков меч на лошиот терен на стадионот во Струмица? Брера и Силекс одиграа ефикасно, а на крајот резултатот гласеше 3:3, во рамките на 12.коло во ПМФЛ.
Силекс водеше со 0:1, имаше и водство од 1:3, сепак на крајот кратовци не успеаја да дојдат до трите бода. Брера не блескаше како на некои минати мечеви, но тимот на стратегот Алаѓозовски уште еднаш покажа дека и тоа како знае да одигра на резултат.
Кратовци уште во 6.минута се заканија преку Тимовски, но немаше водство за гостите. Следуваа шансите на Алиќ и Хрвановиќ, но младиот голман на Брера, Давид Илоски блескаше во тие моменти на голот. Во неколку наврати го спаси својот тим.
Но во таа 19.минута не можеше против Мирчевски, кој од удар од белата точка го отвори резултатот за 0:1. Претходно Тодоров го фаулира Алиќ, јасно е дека ова беше фаул за најстрога казна.
И по тој гол, до крајот на првиот дел, Силекс креираше шанси, ама Илоски правеше чуда на голот на струмичани.
И кога сите помислија дека на пауза ќе се оди со тој резултат од 0:1, Михаилов, откако беше проигран од Ндзенгуе, и со максимален прецизен шут во долниот лев агол на гостинскиот голман Божиновски за 1:1.
Силекс фантастично го отвори второто полувреме. Прво Донов, од околу 25 метри постигна прекрасен гол за 1:2, за да три минути подоцна Пиреш зголему на 1:3, откако ја искористи одбиената топка на Илоски по шутот од слободен удар на Тимовски.
Сепак Брера и тоа како се врати во игра. По една мешаница пред гостинскиот гол Луковиќ намалува на 2:3, тоа беше момент од 62.минута. И тоа не беше се од Брера, се играше 70.минита кога Стојанов убаво се снајде и ја затресе мрежата на кратовци за 3:3.
А во 78.минута за малку целосен пресврт. Тодоров шутираше, но топката сепак не влезе во гостинската мрежа.
На крајот резултатот гласеше 3:3, и Брера и Силекс мораа да се задоволат со по бод. Ова е прво реми за кратовци сезонава.
Последниот натпревар од ова 12.коло се игра на 15 ноември, а се среќаваат Шкупи и Шкендија.















