Шокантни беа најавите или поточно шпекулациите од Шпанија, дека Ханси Флик, стратегот на Барселона размислува за заминување од жешката клупа на каталонскиот гигант. Да потсетиме дека на Германецот ова му е втора сезона на клупата на Барса а договорот го врзува до 2027 година.
Флик за овие шпекулации не се изјасни, тоа го стори претседателот на Барселона, Хоан Лапорта:
„Јас само знам дека Ханси Флик е среќен во Барселона. Тој исто така, како и сите ние, е возбуден дека наскоро тимот ќе игра на новиот стадион пред 105.000 гледачи“ се зборовите на Лапорта по најавите за можното заминување на германскиот стратег.










