Синоќа во Париз се очекуваше, а и гледавме вистински фудбалски сепктакл. На ПСЖ му гостуваше тимот на Баерн Минхен, во рамките од четвртото коло од Лигата на Шампионите. Баварците одиграа одличен меч, го надиграа противникот целосно и заслужено триумфираа со 1:2.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике сосема легитимно со отворена критика кон неговите избраници, кои во овој дуел делуваа подредено, инфериорно, и не заслужија ништо повеќе од пораз.
„Не игравме добро. Противникот создаде повеќе шанси, постигна повеќе голови, и играше подобро. Не бевме еднакви ниту кога бевме единаесет на единаесет. Кога ќе му дозволите на тим како Баерн Минхен да се разигра се знае што следува. Не барам изговори, едноставно не игравме добро. Разочаран сум бидејќи очекував на далеку повисоко ниво да го одиграме овој меч“ – изјави Луис Енрике по натпреварот.










