ЛШ: Халанд против “своите“ од Дортмунд, Барса на гости во Белгија!

17
ФОТО: Manchester City/FB

Вечерва се играат уште девет средби во Лигата на Шампионите, па со тоа ќе се заокружи и 4.коло во најсилното европско натпреварување. Секако дека дерби на вечерта е дуелот на „Итихад“ во Манчестер, каде домашниот состав на Сити го дочекува Дортмунд. Ете шанса за Ерлинг Халанда за уште некој гол и тоа против своите за кои некогаш играше од 2020 до 2022 по што се пресели во Манчестер Сити.

Исто така интересно е што “Граѓаните“ синоќа немаа тренинг, истиот го одработија утринава. Ова е некој нов момент од страна на Пеп Гвардиола.

Барселона му гостува на Бриж. Тука нема дилеми околу тоа кој е фаворит, а на каталонците е да го искажа сиот свој квалитет, иако оваа Барса не е таа Барса од минатата сезона.

Интер игра дома со Каират, додека Њукасл ја дочекува Аталанта.

Ова се сите двојки за вечерашното 4.коло во ЛШ:

May be an image of text that says 'WEDNESDAY MATCHDAY 4 FIXTURES ΠAФΟT PAFOS 18:45 VILLARREAL QARABAĞ 18:45 CHELSEA AJAX 21:00 GALATASARAY BENFICA 21:00 படீந்ண்கிக LEVERKUSEN CLUB LUBBRUGGE BRUGGE 21:00 BARCELONA INTER 21:00 KAIRAT MAN CITY 21:00 B. DORTMUND MARSEILLE 21:00 ATALANTA NEWCASTLE 21:00 ATHLETIC CLUB'

ПретходноВо меч со шест голови: По бод за Брера и Силекс!
СледноЗејнулаи: Шкендија може до нова победа во ЛК!