МЗТ Скопје успеа да дојде до втората победа во АБА2-лига и тоа благодарение на Војдан Стојановски. Македонскиот репрезентативец со звукот на сирената погоди тројка и ги постави конечните 82-85.
Војдан во самиот финиш покрај тројката даде и четири клучни поени, без кои македонскиот првак тешко ќе успееше да ја врати минималната предност.
Уживајте во победничкиот момент.










