Милевски утре ќе го објави списокот за решавачкиот меч со Велс и контролата со Летонија!

80

Селекторот на нашата А-репрезентација,Благоја Милевски, утре во 11 часот во просториите на ФФМ ќе го објави списокот на играчи на кои ќе се смета за решавачкиот меч со Велс во рамките на групата Ј за пласман на СП 2026.

Имено познато е дека на тој меч во Кардиф (18 ноември), на Македонија ќе и биде потребен бод,под услов Велс претходно да не го победи Лихтенштајн со повеќе од пет голови разлика, ако сака да биде втора и да игра бараж преку квалификациите.

Да потсетиме дека на 13 ноември, Македонија ќе има “генералка“ против Летонија во пријателски меч.

И повторно Милевски си има проблеми со повреди. Факт е дека Езѓн Алиоски е со повреда, исто така и Висар Муслиу кој сеуште не е во тренажен процес, сепак останува да го видиме списокот на Милевски па потоа ќе знаеме на што сме.

ПретходноСкандал во Англија: Агент на играч на Тотенхем му се заканувал со пиштол!
СледноВардар 1961 ги пушти во продажба билетите за мечот со Алкалоид!