Пелистер не успеа да и се реваншира на Цедевита Јуниор

30
Фото: ФИБА Евро-Куп

Пелистер не успеа да приреди изненадување пред своите фанови против Цедевита Јуниор и на вториот меч во групната фаза во ФИБА Евро-Купот. Хрватскиот тим ја оправда улогата на фаворит и славеше со 74-95. За битолчани ова беше трет пораз, имаат и една победа.

Цедевита после првата четвртина водеше со 17-27, на одморот имаше позитива од 34-49. Иако гостите во вториот период имаа водство од 18 поени (28-46), сепак македонскиот тим најде начин како да се врати во оваа средва. Во третата четвртина со серија од 19-4 израмнија на 56-56, но за жал не го задржа темпото. Хрватскиот тим за кратко време ја врати двоцифрената позитива и дојде до победа.

Дејвис со 21 поен беше прв стрелец, зад него беа Влисон со 16 поени и Митревски со 15 поени.

ПретходноШкендија со поддршка за Крстевски: Форца Ване пред мечот со Јагиелонија!
СледноЛапорта демантира дека Германецот си оди: Флик е среќен во Барселона!