Големото македонско фудбалско дерби кое што вечерва се игра на стадинот „Петар Милошевски“ во Битола, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар на полувреме е без голови.
Битката на теренот најмногу се одвива на средината, која што Вардар во поголемиот дел ја доби но далеку од тоа дека имаше некаква полза. Напротив, гостинот барем засега не создаде сериозна шанса, туку се што направи е што изнуди неколку корнери, како и прекин ситуации од кои немаше директен удар кон голот на домаќинот.
Од друга страна Пелистер ориентиран на контра напади на неколку пати имаше можност да се закани но секогаш фалеше тој завршен пас.















