Скандал во Англија: Агент на играч на Тотенхем му се заканувал со пиштол!

100

Тотенхем го поддржува својот играч Дестини Удоги на кого му се заканувале со пиштол. Британската полиција уапси 31-годишен маж во врска со инцидент што се случил на 6 септември.

Би-Би-Си неодамна објави дека уапсениот фудбалски агент кој му се закани на неименуван играч со пиштол е од Премиер-лигата, а Тотенхем даде изјава по синоќешниот натпревар против Копенхаген (4-0) во Лигата на шампионите.

„Ние го поддржуваме Дестини и неговото семејство и ќе продолжиме да го правиме тоа. Со оглед на тоа што ова е правно прашање, не можеме да коментираме понатаму“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.

Полицијата соопшти дека го уапсила мажот два дена по инцидентот со Удоги.

„Нема повредени во ниту еден од инцидентите. Еден маж е уапсен под сомнение за поседување огнено оружје со намера, уцена и возење без дозвола. Тој е ослободен со кауција во исчекување на истрагата“, соопшти полицијата.

ПретходноБитола е на нозе: Дербито секогаш мотивира!
СледноМилевски утре ќе го објави списокот за решавачкиот меч со Велс и контролата со Летонија!