Дисциплинска комисија: ФК Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

153

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната редовна седница по одиграните мечеви во ПМФЛ односно ВМФЛ конкуренциите на ги донесе следните одлуки:

1. Ивица Глигоровски, кондиционен тренер на ФК Силекс АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.

2. Тони Мегленски, помошен тренер на ФК Вардар АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.

3. Диако Лассана, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на два натпревара.

4. Против ФК Вардар АД се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства, односно фрлање петарди, на натпреварот ФК Вардар – ФК Силекс.

5. Оливер Тодоров, фудбалер на ФК Вардар Неготино, се казнува со забрана за настап на два натпревара.

6. Игор Јаневски, фудбалер на ФК Охрид Лихнидос, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

7. Николче Ефремов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на два натпревара.

8. Бојан Иванов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

9. Димитар Ѓорѓиев, фудбалер на ФК Детонит Плачковица, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

10. Осман Даци, доктор на ФК Шкендија Арачиново, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.

11. Љупче Џеков, фудбалер на ФК Силекс, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

12. Против ФК Пелистер се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот ФК Пелистер АД – ФК Вардар АД, односно користење пиротехнички средства од страна на навивачката група.

13. Против ФК Вардар се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група Комити и направена материјална штета на стадионот „Петар Милошевски“.

14. ФК Победа АД се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери на натпреварот ФК Победа АД – ЖФК Шкендија 77 Арачиново.

ПретходноОд дербито Пелистер – Вардар собрани 217.111 денари и донирани за семејството на Зоран Петковски
СледноПродажбата на билети за натпреварот Велс – Македонија отворена до понеделник