Одлична вест за македонскиот ракомет пристигна од таборот на РК Алкалоид, од каде што со задоволство објавија дека Марко Митев е дефинитивно вратен на терените. Тој беше надвор од терените подолг период но сега повредата на Митев е минато, па бекот може сега да се посвети на враќањето на старата форма. Неговиот кам бек е во планираниот временски рок, кој што беше предвиден за рехабилитација.
„Поминаа осум месеци откако ми се случи повредата. Минатиот период, веднаш по успешно изведената операција беше период на мое постепено враќање. Процесот на физикалните рехабилитации и индивидуалните кондициски тренинзи кои ги поминав, направија да се чувствувам доволно силен и спремен после 8 месеци да им се вратам на натпреварите“, вели Марко Митев.










