Како што беше најавено од страна на управата на ФК Пелистер, парите од билетите кои што вчера беа продадени за дербито од ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Пелистер и Вардар одигран во Битола на „Петар Милошевски“ ќе бидат донирани на семејството на рерано починатиот Зоран Петковски.
Вкупно, 217.111 денари е сумата која што ќе биде предадена на најблиските на некогашниот кошаркар, кој што изненадно не напушти пред неколку дена.















