Анализа: Арсенал и натаму е прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите

26
фото: Arsenal (X)

Арсенал и натаму останува прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Според аналитичкиот центар на „Опта Спорт“, англискиот клуб и по четвртото коло во лигашкиот дел од ЛШ е на лидерското место на листата на фаворити со 23,5% шанси за освојување на трофејот.

Второто место на листата на фаворити сега го има Баерн (М) со 14,3% шанси за освојување на европската титула, додека Манчестер Сити се искачи на третото место на листата со 12,9% шанси за конечен успех.

Првите 5 ги заокружуваат Ливерпул (11,7%) и ПСЖ (10,2%). Интерсно шпанските гиганти Реал (Мадрид (4,7%) и Барселона (4,2%) се најдоа дури на шестото и седмото место.

ПретходноИбраими на клупа: Шкендија со овие единаесет почнува против Јагиелонија!
СледноЛЕ: Митјиланд и Фрајбург редат победи, прва радост за Црвена Звезда