Наташа Андонова со два гола го однесе својот тим Мадрид во осминафиналето на шпанскиот куп.
Денеска во меч со екипата на Хуелва на гости, Мадрид славеше со убедливи 7:1. Андонова погоди во 4. и 52. минута и учествуваше со два погодока во убедливиот триумф на својата екипа.










