Беќири:Неколку секунди нè делеа од победата! Се е во ред со Зејнулаи!

51

Кога ќе примиш гол во последната секунди и останеш без победа, тогаш јасно е дека разочарувањето е големо. Вечерва Шкендија ја имаше победата над Јагиелонија до 90+10.минута и тогаш прими гол за 1:1.

Штета, навистина штета.

По мечот на прес – конференцијата, стратегот на нашиот шампион, Јетон Беќири, не го криеше своето разочарување:

Не кријам дека сме разочарани. Уште повеќе ако се знае дека секунди не делеа од една голема победа. Можеби немавме среќа, можеби требаше да постапиме во тој момент на поинаков начин.Мислам дека не бевме добро поставени. Ако на минатиот меч победивме со гол во последниот напад, сега загубивме два бода. Тоа е тоа“ посочи Беќири.

За состојбата на Зејнулаи, кој се повреди во таа 40.минута и мораше предвреме да го напушти теренот, Беќири истакна:

Мислам дека ќе биде добр. Јасно е дека сега следуваат дополнителни лекарски прегледи, но се надевам дека наскоро ќе биде целосно фит“.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Тажните лица на фудбалерите на Шкендија!