Ерик Гарсија го скрши носот на мечот со Бриж

18
фото: Eric Garcia Martret (X)

Дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија, заработи скршеница на носот за време на натпреварот против Бриж во 4. коло од Лигата на шампионите (3:3).

„Ерик Гарсија има скршеница на носот. Ќе му биде ставена заштитна маска, а неговото учество на претстојниот натпревар против Селта ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување“, се вели во соопштението на прес-службата на каталонскиот клуб.

Следниот натпревар на Барселона е против Селта Виго во 12-то коло од Ла Лига во недела.

ПретходноРадост на Националната Арена: Љатифи ја носи Шкендија во водство (ВИДЕО)
СледноЛЕ: Трета победа за Ференцварош и Астон Вила, Миовски и Ренџерс поразени дома