Ибраими на клупа: Шкендија со овие единаесет почнува против Јагиелонија!

178

За нешто повеќе од еден час почнува натпреварот Шкендија – Јагиелонија во рамките од 3.коло во Лигата на Конференции. Познат е стартниот состав на нашиот шампион. Интересно е тоа што Бесарт Ибраими не е меѓу стартерите, тој е на клупа. Во нападот се Спахиу, Љатоифи и Тамба. Ова е почетниот состав на Шкендија на вечерашниот меч со полскиот тим:

Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Алхасан, Спахиу, Зејнулаи, Љатифи, Тамба.

Натпреварот се игра од 21 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Шкендија засега по два меча има три бода. Главен судија е Михаљ Капраљи од Унгарија.

ПретходноНоле обезбеди полуфинале на турнирот во Атина
СледноАнализа: Арсенал и натаму е прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите