КЛ: Рајо со голем пресврт за нова победа, триумф и на Кристал Палас

24

Англиски Кристал Палас славеше со 3:1 против екипата на АЗ Алкмар во еден од најинтересните натпревари вечерва во Конференциската лига на УЕФА. Со оваа победа Палас полека почна да се искачува кон најдобрата осумка на табелата.

Голем пресврт и победа во последните минути обезбеди и шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано. Пред своја публика во Ваљекас, домашните славеа со 3:2 против екипата на Лех, откако гостите скоро во текот на целиот меч беа во одлична позиција да освојат барем бод. Рајо дојде до втората победа и отиде до 6. место на вкупната табела во КЛ.

Историски триумф и за косовска Дрита која со победа од 0:1 се враќа од Ирска на мечот со Шелбурн. Динамо Киев го прегази Зрински со 6:0, Стразбур обезбеди нова победа овој пат на гости кај Хакен од 1:2, додека Линколн и Ријека одиграа нерешено 1:1.

Универзитатеа Крајова со 1:0 славеше кај Рапид во Виена, а Лозана промаши пенал за победа над Омонија и на крајот средбата заврши 1:1.

ПретходноЛЕ: Трета победа за Ференцварош и Астон Вила, Миовски и Ренџерс поразени дома
СледноЛК:Каква штета! Шкендија во 90+10. минута испушти победа!