КЛ: Целје, Мајнц и Самсун продолжија со 100% победи, Костадинов и Сигма славеа во Ерменија

18

Самсунспор, Целје и Мајнц остварија и трета победа во Конференциската лига на УЕФА, откако вечерва во првата половина од натпреварите повторно имаа одлична вечер. Словенечки Целје на домашен терен со пресврт славеше против екипата на Легија од Варшава, која по првото полувреме имаше предност од 0:1, но домашните се потрудија да дојдат до нова победа со два гола во продолжението.

Самсунспор немаше поголеми проблеми со Хамрунспор и славеше со 3:0, додека екипата на Мајнц со гол во последните минути од мечот славеше со 2:1 против Фиорентина.

Сигма Оломуц на нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов однесе победа од гостувањето во Ерменија против екипата на Ноа. Чесите славеа со 1:2. Костадинов остана на клупата за резерви на денешниот дуел.

ПретходноЛЕ: Митјиланд и Фрајбург редат победи, прва радост за Црвена Звезда
СледноСобослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен