ЛЕ: Митјиланд и Фрајбург редат победи, прва радост за Црвена Звезда

23

Дански Митјиланд ја продолжи фантастичната победничка серија во Лигата на Европа и во рамките на 4. коло. На домашен терен, данскиот тим славеше над Селтик со 3:1 и остана со максимален скор, 4 победи во исто толку настапи оваа сезона, заземајќи го убедливо првото место на вкупната табела. Митјиланд го реши мечот со Шкотите уште во првите 45 минути кога оствари висока предност од 3:0.

Важен триумф вечерва имаше и шпанска Селта на гостувањето на „Максимир“ против Динамо (З). Гостите славеа со високи 0:3 со три гола постигнати во првиот дел од мечот. Динамо не успеа да се врати во игра во вториот дел и остана со 7 бода по четири одиграни кола.

Третата исклучително важна победа ја обезбедија и фудбалерите на германски Фрајбург. Тие вечерва заминаа како победници од гостувањето кај Ница со 1:3. Ова беше нивна трета победа во лигашниот дел, каде имаат и едно реми, што ги носи на второто место на вкупната табела со 10 освоени бода.

По два порази и едно реми, Црвена Звезда вечерва ја оствари првата победа во ЛШ. Во Белград, „црвено-белите“ славеа над француски Лил со 1:0. Единствениот гол беше дело на марко Арнаутовиќ во 85. минута.

Базел – ФЦСБ 3:1

Митјиланд – Селтик 3:1

Утрехт – Порто 1:1

Црвена Звезда – Лил 1:0

Малме – Панатинаикос 0:1

Ница – Фрајбург 1:3

Ред Бул Салцбург – Гоу Ахед Иглс 2:0

Штурм Грац – Нотингем Форест 0:0

ПретходноАнализа: Арсенал и натаму е прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите
СледноКЛ: Целје, Мајнц и Самсун продолжија со 100% победи, Костадинов и Сигма славеа во Ерменија